Немам доверба во министерот Османи за прашањето со Бугарија, вели Димитров

од Берта Китинска

Вицепремиерот за европски прашања во замунување, Никола Димитров на денешната прес-конференција кажа дека неговите ставови околу преговорите со Бугарија, кои како што вели, во многу наврати биле спротивни на неговите владини колеги, биле причина зошто тој не се најде во новиот владин состав.

Дополнително, Димитров обвинува дека партијата на власт, му понудила да замине како амбасадор на Северна Македонија во Вашингтон, само, како што вели, за да го замолчат.

Призна дека нема доверба во актуелниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

„Немам целосна доверба во министерост за надворешни. Имам впечаток дека таму има еден драјв за успех по секоја цена, што мислам дека не е продуктивен и е опасен. Се надевам дека грешам, но моја граѓанска должност, како човек кој со години работи на оваа кауза е да бидам буден и да го следам процесот“, рече Димитров

Слични содржини