Нема сеуште таква официјална понуда и не е разговарано за министерства. Во моментов, тоа не е приоритет, соопштија за „Локално“ од Алијанса за Албанците откако денеска се појавија шпекулации околу тоа кои министерства ќе ги добие партијата доколку евентуално влезе во Владата.
Од партијата додаваат дека моментално има само неофицијална понуда за стабилизирање на мнозинството со цел да се даде можност до крајот на мандатот да се изнајде решение за гласање на уставните измени.
-Нормално кон тој процес треба да се придружи и борбата против криминалот и корупцијата и квалитетните реформи, не информира Арбен Зекири, портпарол на АА.
Партијата исто така не информираше дека во сабота (21.01) на Централно собрание ќе се бират новите раководни структури на АА, а потоа, од следната недела ќе се разговара на темата за евентуален влез во Влада.
Ова следува откако порталот „Тетова сот“ објави дека владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ синоќа ѝ доставиле на Алијанса за Албанците две понуди за да бидат дел од Владата.
Според извори на порталот, една понуда е за владеење со СДСМ, ДУИ, ДПА и Алтернатива.
-Доколку Алетренатива остане во Владата, Алијанса да ги води Министерството за здравство и Министерството за правда и двајца вицеминистри како и директорските места во Фондот за пензиско, Македонска пошта, Матична книги, државниот правобранител и Македонски железницата.
Втората понуда, како што пишува порталот, е доколку Алтернатива не остане во владата, Алијанса да води тројца министри и двајца вицеминистри, Министерството за здравство, правда и администрација и сите дирекции што ги имаше Алтернатива, објави тетовскиот портал.