Немаме нерешени проблеми со Република Северна Македонија (РСМ), изјави премиерот во заминување Росен Жељазков денес пред бугарските новинари во Брисел, каде што вечерва учествува на годишниот состанок ЕУ-Западен Балкан.
„Нашиот став отсекогаш бил принципиелен – немаме нерешени проблеми со Република Северна Македонија, не сме вклучени во никакви спорови со Република Северна Македонија за прашања поврзани со таканаречениот компромис од јули 2022 година, ова сега е паневропска позиција“, објасни тој.
„Нашата позиција како земја-членка е дека секоја земја-кандидат за членство во ЕУ, врз основа на сопствените заслуги, треба да биде оценета според нејзиниот напредок, а не од страна на поединечна земја-членка“, додаде Жељазков.
„Веруваме дека проценката на напредокот во отворањето на Кластер 1, кој е поврзан со преговарачката рамка, покажува одредено двоумење од страна на нашите колеги во Скопјe, но ова не е прашање за кое даваме наше мислење и став“, рече Жељазков.