Немири во Сент Гален заради ковид-мерките: Полицијата ги бркаше демонстрантите со солзавец и гумени куршуми (ВИДЕО)

од Берта Китинска
196 прегледи

Швајцарската полиција доцна синоќа употреби гумени куршуми и солзавец за да растера стотици демонстранти против рестриктивните мерки за контрола на коронавирусот во североисточниот град Сент Гален.

Полицијата најпрво изјави дека нејзините членови биле „нападнати со предмети“ и дека биле „принудени да користат гумени куршуми во самоодбрана“, подоцна вечерта објавија дека кон полицијата биле фрлени молотови коктели и други запалени предмети, поради што користеле солзавец.

Според весникот Тагблат, околу 1.000 луѓе излегле на улиците на Сент Гален, град со околу 75.000 жители.

Земјата со околу 8,6 милиони жители, од почетокот на пандемијата регистрирала повеќе од 600 000 случаи на инфекција, а повеќе од 9 600 лица починале.

Слични содржини