334
Ненад Ѓорѓевиќ од Скопје го прележа коронавирусот и испрати порака до сите оние кои се излекувале да даруваат крвна плазма.
„Благодарен сум за помошта од медицинскиот персонал кој се грижеше за моето успешно излекување од КОВИД-19. Затоа и јас решив некому да помогнам. Во ова време кога слушаме лоши вести поврзани со вирусот се надевам дека моето дарување конвалесцентна плазма ќе помогне некому, каде е потребна”, порача Ненад Ѓорѓевиќ од Скопје, дарител на крвна плазма. Тој вирусот го прележал во септември, имал пневмонија, а сега е добро и постепено се опоравува.
Кој и како може да дарува конвалесцентна плазма?Проверете ОВДЕ.