Ненов: Цената на струјата е тактика пред изборите

од Nikola Popovski

„Во поглед на струјата ќе биде исто, нема да има промени во цената. Ова беше предвидливо во ваква година, кога имаме избори“, вели Марјан Ненов од граѓанското здружение „Но пасаран“ за дневникот на ТВ Сител.

Според него, ова е тактика пред изборите, за да не се навлече гнев кај граѓаните.

„Компаниите кои учествуваат во цената на струјата постојано бараат да се поскапи, а се плашам дека и догодина ќе го побараат тоа“, смета Ненов.

Денес беше објавено дека струјата поскапува за 12,36%, но сметките на граѓаните ќе имаат незначително намалување поради предвидите измени на Законот за додадена вредност, односно намалувањето на ДДВ за електричната енергија од 18% за 5%.

Законот со кој ДДВ за електрична енергија од 1 јули ќе биде намалено од 18% на 5% е во собраниска процедура.

Слични содржини