Ненси Пелоси ја обвини Русија за „електронски Вотергејт“

од Vladimir Zorba
102 прегледи

 

Лидерката на демократите во Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси изјави дека неодамнешниот кибер напад врз политичари од Демократската партија е со големи размери и оти зад него стојат Русите. apsenje-ver-kid-lisici-01

Пелоси го нарече нападот „електронски Вотергејт“, според името на незаконскиот упад во седиштето на Демократската партија во 1972 година, кој беше причина за оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон.

– Тое се Русите. Тоа е упад, кражба, смета Пелоси.

Претходно весникот „Њујорк тајмс“ објави дека кибер нападот врз Демократската партија е поголем, отколку што првично се сметало, при што над сто партиски лица и групи се засегнати, вклучуваќи го и партиското раководство и предизборниот штаб на кандидатката на партијата за претседател Хилари Клинтон.

На прашањето дали таа лично е меѓу жртвите на кибер нападот, Пелоси одговори дека не знае и оти се уште се прави проценка на штетата.

Администрацијата на Барак Обама не ја посочи Русија официјално како одговорна за кибер нападот, но според иследниците хакерите биле раководени од руското воено разузнавање ГРУ и од руската Федерална служба за безбедност.

Хилари Клинтон исто така изјави дека зад нападот стои Москва.