Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси го обвини претседателот Доналд Трамп во систематски попречување на правдата , објавија  американските медиуми.

“Претседателот сам речиси се доведе до интерпелација , бидејќи од ден на ден се повеќе го попречува правдата и демонстрира непочитување на законската улога на Конгресот да праќа покани”, коментира Пелоси на прес-конференција.

  Та се солидаризира со ставот на претседателот на правната комисија Џералд Надлер дека Трамп ја довел земјата до уставна криза со тоа што неговата администрација ги блокира сите обиди на Конгресот да добие повеќе информации за руската интервенција во изборите.

Во исто време, таа ја потврди својата претходна позиција дека постапката за отповикување ќе биде ажурирана кога ќе се соберат неоспорни докази.

Потсетуваме во средата Трамп ги  искористи своите овластувања, за да  му попречи на Конгресот да добие целосниот текст на извештајот на специјалниот обвинител а Роберт Милер по руската инволвираност во амерканските избори.