35
Невообичаена полициска спасувачка операција се случи во понеделникот во Манхајм.
Според соопштението на полицијата, брачна двојка од Цепелинштрасе во градската област Некарштат повикала полиција во раните утрински часови. Нивниот четиригодишен син ги заклучил во собата.
Полицијата веднаш излегла на терен.
За среќа, родителите ги имале со себе клучевите од куќата и им ги фрлиле низ прозорецот на полицајците.
Poтоа службениците ја отклучиле влезната врата и ги „ослободиле“ родителите. Освен стравот, сите инволвирани се неповредени, изјави портпаролот на полицијата.