Неочекуван избор: Ова е Малата сирена на Disney

од desk2
134 прегледи

Младата аренби пејачка и актерка Хали Бејли ја доби улогата на Малата Сирена во римејкот на популарниот анимиран филм од 1989 година „The Little Mermaid“.

Disney ја одбра надежната 19-годишна ѕвезда за улогата на Ариел, морската принцеза, поради нејзиниот „прекрасен глас“ и „неверојатната комбинација на дух, срце, младост, невиност и мудрост“, што според студиото се „деликатни квалитети неопходни за доловување на оваа легендарна улога во игран филм“.

Можеби изборот на Афроамериканка за улогата на црвенокосата Ариел е неочекуван, но е во духот на инклузивноста и диверзитетот кон кои се стреми Disney.

Со нетрпение очекуваме да ја слушнеме повторно оригиналната музика од филмот („Under the Sea„, „Part of Your World“, „Kiss the Girl“) во нови аранжмани.

Останатите улоги допрва ќе бидат соопштени.

Слични содржини