Иницијативата на Американската демократска партија за отповикување на претседателот Доналд Трамп доби интензитет затоа што некои членови на Републиканската партија објавија дека ќе гласаат за импичмент.
Републиканскиот спикер во Претставничкиот дом, Лиз Чејни, ќерка на поранешниот потпретседател Дик Чејни, рече дека ќе гласа за отповикување на Трамп поради упадот на неговите приврзаници во Конгресот минатата недела.
Уште двајца други членови на Републиканската партија во Претставничкиот дом, Џон Кетко и Адам Кинцингер, исто така, најавија дека ќе гласаат за отповикување.
„Њујорк тајмс“ пишува и дека лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, до неодамна верен соработник на Трамп, кој последните денови остави впечаток дека ќе ја одложи постапката, за да не биде отповикан сегашниот претседател во Сенатот пред истекот на мандатот, направи потези поради кои би требало да биде отповикан, како и дека е воодушевен што демократите ја покренаа постапката за импичмент.
За да се активира 25-тиот амандман, Пенс и поголемиот дел од администрацијата на Трамп треба да го прогласат претседателот за неспособен за извршување на своите должности.
Демократите во Претставничкиот дом на САД планираат да гласаат во текот на денот за отповикување на Трамп поради обвинувањата дека тој ги поттикнал немирите што се случија во Капитол.