484
Несоницата е проблем кој мачи голем број луѓе, а како што објаснуваат лекарите, може да укаже на неколку здравствени проблеми.
Повремените напади на несоница можат да дојдат и да поминат без сериозни последици, пренесува The Sun.
Од друга страна, кај некои луѓе несоницата може да трае со месеци, па и со години.
Долгорочните проблеми со спиењето може да имаат големо влијание врз квалитетот на нашиот живот и целокупното здравје. Исто така, несоницата во одредени ситуации може да биде предупредувачки знак за неколку здравствени состојби како што се:
– дијабетес
– проблеми со срцето
– артритис
– болест на бубрезите
– ноќно мокрење или ноктурија
– нарушувања на тироидната жлезда.