Неочекувано долго траеше средбата на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот на Грција Алексис Ципрас, која се одржа во рамките на економскиот форум во Санкт Петербург. Според планот тие требало да разговараат 30 минути, а дискусијата траеше над 90 минути, соопштува РИА Новости. Алексис Ципрас одби да одговара на прашања на новинарите по повод состанокот, но ја напушти средбата задоволен и со насмевка.
На сајтот на рускиот претседател се појави информација дека Путин се фокусира на имплементација на усвоениот во април оваа година заеднички план за акција во текот 2015 – 2016 година, но без конкретни детали. Засега не е поставена информации дали станало збор за критичниот момент во кој се наоѓа Грција со кредиторите.
Претходно денеска Foreign Policy предвиде: Лоши вести за ЕУ - Русија може да ја спаси Грција. Дали тоа ќе се случи претстои да се разбере.
