Европскиот суд на правдата ги укина санкциите против поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович ,објави РИА “Новости” повикувајќи се на веб-страницата на организацијата.
“Европскиот суд за општата надлежност поништи замрзнувањето на средствата на седум члена на поранешната украинска владејачка класа, вклучувајќи и на Виктор Јанукович”, се вели во соопштението.
Во исто време во понеделникот Советот на ЕУ продолжи со ограничувањата против поранешниот претседател на Украина и уште 11 лица.