Неодолив овошен колач кој ќе го правите постојано.
СОСТОЈКИ:
4 јајца
150 гр мелени бадеми
100 гр оштро брашно
100 гр путер
100 гр кристал шеќер
2 лажички прашок за печиво
малку презла за посипување на плехот
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измијте ги кајсиите, извадете ги коските од нив и исечкајте ги на мали парчиња. Плехот (облик по желба) намастете го со путер и посипете го со лебни трошки. Растопете путер на слаб оган.
Во посебен сад измешајте брашно, прашок за печиво и бадеми. Во друг сад пет минути со миксер разматете цели јајца со шеќер.
Путерот лесно додајте го во смесата со јајца и шеќер. Потоа во смесата лесно измешајте брашно, бадеми и прашок за печиво. Ставете ја смесата во плех и на врвот наредете исечкани кајсии.
Ставете го колачот во рерна загреана на 180 степени и печете од прилика 30 минути.
Уживајте!