Во сезоната на слави и празници ви предлагаме идеално предјадење…

СОСТОЈКИ:
300 гр макарони
3 компири
200 гр шунка Пекабеско
200 гр кашкавал
3 јајца
200 гр мајонез
200 гр кисела павлака
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сè поделете на три дела. На дното на чинијата наредете третина од макароните кои претходно сте ги посолиле по вкус. преку тоа изрендајте обварени и зачинети компири и третина рендана шунка.
Наредете кругови варени јајца, па преку ставете слој мајонез, потоа павлака и кашкавал.
Повторете уште два пати, завршете со кашкавал и украсете со рендани јајца. Пред послужување добро изладете.