137
Одлична пица на шпански начин!
СОСТОЈКИ:
тесто за пица
1 главица кромид
1 модар патлиџан
1 тиквица
1 црвена пиперка
3 чешниња лук
500 гр домати
магоднос
темјан по вкус
4 лажици кечап
бибер
сол
50 гр свежо кравјо сирење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пропржете го кромидот неколку минути во тава. Додајте ситно сечкан патлиџан, тиквица, пиперка и лук и пржете 5 минути, со постојано мешање.
Додајте домати, магдонос, темјан, кечап и динстајте на слаб оган пет минути. Додајте сол, пипер и бибер и уште малку динстајте.
Распоредете го зеленчукот по тестото за пица и на крај посипете со исечкано сирење.
Печете 15-20 минути во загреана рерна на 230 степени.
Добар апетит!