Неофицијалните информации велат дека владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ уште во прв круг ќе запиша победа во Охрид, Штип, Радовиш, Сопиште, Ресен и Свети Николе.
ВМРО-ДПМНЕ е на прагот на победа и во Струмица.
Според првичните резултати:
Охрид
ВМРО-ДПМНЕ 2561
СДСМ 952
Штип
ВМРО-ДПМНЕ 1314
СДСМ 530
Радовиш
ВМРО-ДПМНЕ 2637
СДСМ 932
Струмица
ВМРО-ДПМНЕ 1164
СДСМ 659
Јорданов: На овие избори победи вербата во она кое го сработивме
„Денес испишавме историја за нашиот град. Политичката зрелост Штип ја докажа со поддршка на веќе воспоставена локална самоуправа.
На овие избори победи вербата во она кое го сработивме, енергијата која секојдневно ја вложуваме и отвори можност за нови резултати на секое поле.
Новиот мандат нема да биде нова иднина, туку сегашност што сме ја посакувале!“, сподели Иван Јорданов, актуелен градоначалник на Штип.