Неофицијално: Весковски ќе биде нов директор на скопски водовод, Чучков на ЈСП, Смаиловиќ на Улици и патишта

од desk4
500 прегледи

Претседателот на општинскиот комитет на СДСМ во Карпош, Душко Весковски, кој по локалните избори стана претседател на Советот на општината, ќе биде нов директор на скопското јавно претпријатие Водовод и канализација, неофицијално дознава Фокус.

Исто така, нов директор ќе добие и Јавното сообраќајно претпријатие, каде според нашите извори, на чело ќе застане Кристијан Чучков, кој беше дел и од изборниот штаб на новиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Нов директор на Улици и Патишта според изворите на 24Инфо на чело ќе застане Сенад Смаиловиќ кој доаѓа од општинскиот комитет на СДСМ во Бутел.

Инаку, по изборот на Шилегов за прв човек на Скопје, директорска смена се очекува и во другите јавни претпријатија под капа на Градот, меѓу кои Паркови и зеленила, Комунална Хигиена, Дрисла.