Неонацисти се обиделе да упаднат во германскиот парламент (видео)

од Nikola Popovski
143 прегледи

Околу 38.000 луѓе протестираа во Берлин против политиката на корона-политиката, а неколкумина се обиделе да влезар во Рајхстагот, кој политичарите во Германија го опишаа како „срамен“, пишува денес Дојче веле (ДВ). Десните екстремисти и оние кои го негираат коронавирусот протестирале заедно со противниците на вакцините.

Околу 38.000 луѓе протестирале во Берлин во саботата против политиката на владата за време на пандемијата на коронавирус. Бројот на учесници ги надминал очекувањата на организаторите.

Огромното мнозинство од присутните протестирале мирно, но ситуацијата ескалирала неколку пати. Десните екстремисти „се обиделе да провоцираат“ цел ден, објави репортерот на РББ.

Вечерта, група демонстранти се обиделе насилно да влезат во зградата на Рајхстагот односно парламентот.

„Зградата на Рајхстагот е местото каде што работи нашиот парламент и со тоа симболично го претставува центарот на нашата слободна демократија. Неподносливо е екстремистите да го злоупотребуваат за свои цели“, рекол сојузниот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, додавајќи дека „државата мора да преземе мерки против таквите луѓе со нулта толеранција и доследна сериозност“, пренесува Бета.

На паролите имало пораки за оставка на сојузната влада, како и за прекин на заштитните мерки и дневните ограничувања против коронавирусот. На нив пишувало „Стоп за лудилото со коронавирусот“ и „Завршете ја диктатурата на коорнавирусот“, додека публиката скандирала „Отпор“ и „Ние сме народот“.

Реагирал и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, осудувајќи го „збратимувањето“ на демонстрантите со десните екстремисти.

„Никој не смее (…) да ги следи десничарските екстремисти, да ги загрози полицајците и да стави многу луѓе во опасност од инфекција. Знамињата на германскиот рајх пред парламентот се срамни“, рече тој на Твитер.

Според берлинскиот сенатор за внатрешни работи Андреас Гајзел, полицијата уапсила вкупно 300 лица во текот на денот, вклучувајќи го и познатата готвачка, промоторка на веганска храна и идеологот на теориите на заговор, Атила Хилдман.

Слични содржини