Непалци се обиделе илегално да влезат во Македонија

од Milan1
152 прегледи

Вчера во 22.50 часот, полициски службеници Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале 11 лица државјани на Непал при обид за илегално преминување на државната граница на Македонија .

– Лицата се приведени во Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица, известен е дежурен судија од Основен суд Гевгелија и по негови насоки ним им се дадени решенија за напуштање на територијата на државата, информираат од МВР.

Слични содржини