Братот близнак на актерот Ештон Кучер, Мајкл Кучер откри во јавноста непозната страна на неговиот славен брат.

Мајкл кој боледува од целебрална парализа денес е жив благодарение на трансплантација на срце направена кога имал 13 години. Но, маклу кој знае дека прв кој се понудил да донира срце бил неговиот брат Ештон, за да му го спаси животот на братот.
https://www.instagram.com/p/BmCEwnzlfR7/?utm_source=ig_embed
Мајкл вели дека не може да пронајде зборови за да го опише чувството кон Ештон.
„Тоа е поврзаност што не може да се објасни. Во сите сериозни ситуации бевме заедни. Голема чест е и голема љубов која ја чувствувате кон некој кој така би се жртвувал за вас. Навистина не можам тоа со зборови да го опишам“, изјави Мајкл за US Magazine.
https://www.instagram.com/p/Bp9sKXQFsZw/?utm_source=ig_embed