Непознати лица по полноќ влегле во зграда и барале вработени во Кумановскиот суд

од Nikola Popovski
129 прегледи

Неколку непознати лица доцна синоќа се распрашувале за вработени во Основниот суд Куманово, при што случајот бил пријавен во Кумановската полиција.

-На 24.07.2025 во 00.56 часот во СВР Куманово било пријавено дека неколку лица влегле во сите влезови на зграда која е над трговски центар на булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово и се распрашувале за вработени во Основен суд Куманово, информираат од полицијата.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини