323
Непознати сторители синоќа на градскиот стадион во Кавадарци направиле вандалски чин и ги исекле стативите на теренот.
Скандалозниот чин најверојатно е израз на незадоволство по лошите резултати на Фудбалскиот клуб Тиквеш во последно време.
Вчера по поразот од Кожуф (0:1), тренерот Димитковски поднесе оставка, но градоначалникот и раководството не ја прифатија.