Неприфатливо е на минусни температури да се отворени прозорците во училниците, вели Неделков

од Берта Китинска
217 прегледи

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков упати апел до Владата и МОН да се почитува нивното барање за онлајн настава

-Со оглед на бројките на заразени и починати кои што одат во нагорна линија, ние апелираме до надлежните здравствени работници, до Владата која што носи одлуки, до Министерството за образование и наука да се преземат соодветни мерки, односно да се предложи второто полугодие да продолжи со онлајн настава, потенцира Неделков.

Од Синдикатот се свесни дека понискиот квалитет на онлајн наставата, но сметаат дека треба да се води сметка за здравјето на учениците.

-Ние сме свесни дека наставата со физичко присуство има поголем квалитет, но ако гледаме што е поприоритено во овој момент дали здравјето на учениците и вработените во училиштата или квалитетна настава, секако дека ќе се одлучуваме дека здравјето и безбедноста и на вработените и на учениците е приоритет. Без разлика дали е пандемија или друга болест има правила на игра, односно Закони кои треба да се почитуваат. Законот за безбедност и здравје нормира на колкава температура работниците можат да работат. Работодавачот мора да обезбеди услови за работа. На вакви минусни температури, со отворени прозорци, тоа е неприфатливо. Затоа апелирам до надлежните да водат сметка на која температура се работи, вели Неделков.

Слични содржини