НЕРЕАЛНИ СЦЕНИ ВО НАНТ: Лазаров испратен во кралска столица со круна на главата! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
393 прегледи

Ракометот сигурно не, а големо прашање е дали спортот некогаш доживеал слично збогување од играчката кариера, како што доживеа Кирил Лазаров во Франција. „Последниот танц“ во салата на РК Нант најмалку ќе остане запаметен по победата над Тулуз 32:18.

По натпреварот се одржа неверојатна забава – Кирил Лазаров беше сместен во кралската столица, со кралска круна на главата и семејството околу него, во духот на пораката- „Merci King Kiril“.

Притоа, сите 6.000 навивачи во „H“ арената ставија круна на главата во почит кон македонската sуперѕвезда. Во исто време, на големото платно се менуваа видео пораките на најрелевантните луѓе во неговата кариера, почнувајќи од првиот тренер Јанев, Линo Червар, Талант Дујшебаев, Чави Пасквал, македонскиот новинар Зоран Мишевски, Никола Карабатиќ, неговиот брат Филип Лазаров и децата Лане и Благојче.

Кирил Лазаров ќе го одигра последниот натпревар во кариерата против ПСЖ во Берси на 11 јуни во рамките на финалето на националниот Куп.

 

Слични содржини