Возач кој влетал во група демонстранти во Минеаполис со цистерна е уапсен, откако со полесни повреди бил пренесен во болница.
Тој бил однесен во болница откако лицата кои се обидел да ги згази го извлекле од возилото и го претепале.
Полицијата на округот Хепфин објавила на Твитер фотографија од уапсениот Богдан Вечирк, кој, откако е утврдено дека имал полесни телесни повреди, бил однесен во полициската станица,, по што е обвинет за предизвикување општа опасност.
Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека цистерната со целосна брзина влегува во толпата демонстранти кои протестирале на мостот на автопатот I-35W во Минеаполис поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд.
Демонстрантите прво биле прикажани како бегаат во паника, а потоа, додека цистерната забавувала, налутено трчале кон неа, качувајќи се врз неа и отворајќи ги вратите на возачкото и совозачкото место.
Собраните луѓе потоа го извлекле Вечирк од возилото и почнале да го тепаат, сè додека полицијата не пристапила и го уапсила.
Полицијата соопштило дека немало извештаи за повредени меѓу демонстрантите, а во тоа време броеле околу 5.000, објави „Си-Би-Ес“.
Пред инцидентот со цистерната, протестот бил мирен.