Несекојдневна акција: Пожарникарите спасија маченце заглавено на бандера! (ВИДЕО)

од Берта Китинска
326 прегледи

Велешките пожарникари вчера имале несекојдневна акција, откако биле повикани да спасат мало маче.

Откако граѓаните не успеале сами да симнат малото маче кое на видеото се гледа како стои на жици од бандера на улицата „Кумановска“, преку фејсбук-објава на здружението за заштита на животните „Гласот на животните“ од Велес, активистите ги повикале пожарникарите да им помогнат во целта.

Набрзо, од здружението објавија уште едно видео, на кое се гледа како пристигнува возилото на противпожарната служба, а потоа и како пожарникарите му пристапуваат на мачето:

 

https://www.facebook.com/494645103892336/videos/681989299303422

 

https://www.facebook.com/494645103892336/videos/585163282118420

Слични содржини