
Нови археолошки истражувања донесоа промени за староста на гробот во Ерусалим, за кој се верува дека во него било положено телото на Исус Христос. Досега се претпоставуваше дека тој е стар околу 1.000 години, но резултатите од научните тестови ја потврдуваат неговата старост од 1.700 години, соопштува „Нешнал џиографик“.
Истражувањата на експертите покажуваат дека остатоците од варовникот на пештера под куполата на храмот се од гробницата, лоцирана од древните Римјани.
Примероците земени од страна на грчки експерти на малтерот помеѓу првобитната гробна површина на варовникот и мермерната плоча, која го покрива гробот, датираат од околу 345 година.
Според историските докази, гробот бил откриен од страна на Римјаните и ставен под купола околу 326 година.
Досега, најраните археолошки истражувања откриени во и околу гробницата укажуваат на тоа дека тој не е постар од 1.000 години и датира од Крстоносните војни.
Од археолошка гледна точка е невозможно да се каже дали тоа навистина е местото каде што е премачкано телото на поединецот, нарекуван од Евреите Исус од Назарет, кој според Новиот завет е распнат на крст во Ерусалим во 30 или 33 година. Новото тврдење вели дека оригиналниот гроб бил изграден во времето на Константин Прв, првиот христијански римски цар.