Нешто чудно се случило со Еверест?

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Експедиција ќе провери дали највисокиот врв на планетата не е смален по земјотресот во Непал.


Експедиција до Еверест ќе провери дали највисокиот врв на планетата не е смален како резултат на земјотресот во Непал, кој се случи пред две години, соопшти Франс прес.
Сателитски податоци покажаа дека смртоносниот земјотрес со интензитет од 7,8 во април 2015 година ја намали висината на Еверест за неколку милиметри или сантиметри, но категоричен одговор на ова прашање досега не е пронајден.

“Две години поминаа од земјотресот во Непал, а во научната заедница има сомнежи дека Еверест всушност е смален – изјави индискиот експерт по геометрија Сварна Суба Рао. – Затоа ќе пристапиме кон нови мерења.”

На крајот на зимата 5-члена експедиција ќе изврши истражување за да се утврди дали висината на врвот, која официјално е 8.848 метри.