Кога си на свој терен, меѓу свои луѓе, како дома , или кога политичар внатре во своја партија пред свои луѓе ќе се збунува и постојано ќе греши и ќе чита за да нешто соопшти, тогаш мора да си изваден од себе,исплашен или мора нешто страшно да те притиска деконцетрира., и да ти се случува.

Која мисла го мачи лидерот и премиер Никола Груевски не знаеме, ама така тој изгледаше синоќа во синоќешното интервју во своето студио .Иако прашањата ги читаше и водителката , и тој и ги имаше пред себе сосе одговорите, тешко му одеше се и речениците и особено математикатаи аргументацијта. Неубедливо и со грешки и постојано читање на одговорите. Се беше наопаку и не одеше, стариот стил едноставно тие да диктираат важност не помина кај гледачите. Сите чекаа една тема а Груевски и водителката си почнаа со нешто десето демек најбитно.
За нив не беше клучно и првото прашање ниту дека државата е во криза, дека странците го седнаа на маса и иако избран од народот , како што велат мора да преговара и да се трга од власт, не го прача кого ќе обвинува и затвара обвинителката, зошто ќе мора да поднеесе оставка, дека ке му се прави техничка влада, дека се заканува Брисел да ја загубиме препораката, дека обвинителството на САД отвори истрага за „Телеком“ за кражба на деценијата на неговиот колиционери во владата Муса Цафери и Ахмети и претходниот Бучковски,. НЕ беше тоа ништо прачано и битно туку за водителката и за Грујо, прво беа фалбите и играта со бројки за вработувањата. Ама и ај за тоа , немаа прашање ниту одговри колкава плата ќе земаат и кои и чии луѓе и според кои критериуми се вработуваат, ниту за тоа странците кои инвестираат како ги плаќаат ли данок како домачните стопанственици, дали е тоа е чсит профит само за странците и цркавица и социјална помош за ТИЕ вработените? Важно имаше соопштување само голи бројки, па и тоа го утнааа и новинарката и премиерот Никола Груевски
19 000 вработивм вели Груевски, и почнува неговата весела партиска математика. Па се предомисли и по првичната грешка, тој погледна во листовите кои ги носеше со себе и се потсети, па кажа дека досега во 2015 се вработиле 5.800 луѓе во странските инвестиции, а 7.150 преку проектот Македонија вработува.
Збирот на овие две бројки (5.800+7.150), според Груевски е 19.000, а не 12.950, колку што вели пресметката според основните математички правила кои се учат во основно училиште.
Водителката си ќути, таа и онака не дека не знае туку не смее да прашува, ама што ли му се случува на премиерот? Барем беше силен и енергичен во настапите, насмеан , циничен , зајадлив и нескромен, во оваа студио, сега нешто го мачи !? Нешто изгледа го пристиска нашиот премиер, мора да се знае тој ја води и одлучува за државата!