Несреќата не оди сама: Реката се излева во Мала Горица кај Петриње, патот е под вода, домаќинствата се загрозени

По разорниот земјотрес, Хрватска се соочува со бројни проблеми, а сега покрај земјотресот се плашат и од поплави.

Како што дознава Телеграф.рс, реката Купа започнала да се излева во Мала Горица кај Петриње. Според првите информации, неколку домаќинства се загрозени. Еден дел од патот е целосно под вода.

Вчера властите најавија вонредни мерки за заштита од поплави во областа на округот Сисак-Мославина, кога водостојот на Купа и Корана започна да се зголемува во областа Карловац.

Водата сега создава дополнителни проблеми во областа, бидејќи многумина минуваат низ тука за да доставуваат помош до најранливите.

Слични содржини