Несторовски го пропушта ЕП: Жалам што нема да играм, но сум подготвен да станам и да се борам

од Nikola Popovski

Денес стигнаа лоши вести од фудбалска Италија, а тоа е дека нашиот репрезентативен напаѓач и член на Удинезе, Илија Несторовски ја заврши сезоната и нема да може да настапува на претстојното Европско првенство поради повреда на коленото.

„Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен“, објави популарниот „Нестор-гол“ на социјалните мрежи.

Тој потенцира дека ќе даде се од себе и ќе го победи овој предизвик, за да се врати посилен од порано.

„Сакам да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен“, стои во објавата на Несторовски.

Несторовски се повреди на трениенг на Удинезе и денеска направи операција во Рим, а операцијата значи дека тој нема да биде во можност да игра за Македонија на историското ЕП.

Слични содржини