Несторовски се здобил со повреда на коленото, го пропушта ЕП?

од Nikola Popovski

Според информациите од Италија, македонскиот репрезентативец и напаѓач на Удинезе, Илија Несторовски доживеал непријатна повреда на тренингот на својот клуб.

Италијанските медиуми известуваат дека Несторовски го повредил коленото и денеска треба да се види точната дијагноза, и дали има истегнување на лигаменти, или кинење, по што ќе биде познато колку време ќе биде надвор од теренот.

Со оглед на тоа дека во Јуни почнува историското ЕП за Македонија, постои веројатност да го пропушти дебитанскиот настап на Македонија.

Несторовски не настапи на последниот натпревар против Германија поради дисциплинска казна, но сепак, тој има важна улога во националниот тим и како стандарден стартер во нападот на Македонија, секако ќе претставува огромно отсуство во ростерот на Ангеловски, што сепак се надеваме дека нема да се случи.

Слични содржини