Нетанјаху: Израел повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Газа со Египет

од Stefanija Kuzmanovska

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел повторно ќе ја преземе контролата врз границата на Појасот Газа со Египет, со цел да биде проширена мисијата за „неутрализирање“ на палестинската милитантна група Хамас.

Нетанјаху изјави дека „војната е на врвот“ и дека тампон зоната на коридорот, која се протега долж границата на Газа со Египет, „мора да биде во рацете на Израел“, пренесува „Гардијан“.

Тој додаде дека војната меѓу Израел и Хамас ќе продолжи уште „многу месеци“.

„Војната ќе продолжи се додека Хамас не биде елиминиран и заложниците не бидат ослободени. Гарантираме дека Газа повеќе нема да претставува закана за Израел“, заклучи Нетанјаху.

Слични содржини