Нетанјаху: Не знам ништо за нападот врз Сирија, можеби тоа беше Белгија?

од Nikola Popovski

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека не знае ништо за нападот врз Сирија што се случи синоќа, јавуваат израелските медиуми.

„Можеби нападот го извршиле белгиските воздушни сили?“, рече тој.

Претходно, сириските медиуми објавија дека воздушните сили успеале да уништат неколку летачки објекти кои изведувале воздушен напад врз Дамаск.

Според сириските државни медиуми, уништени се неколку непријателски цели лансирани кон главниот град Дамаск, при што ракети биле истрелани од непознат правец.

Слични содржини