„Netflix” е подготвен да ги откаже снимањата во државата Џорџија ако законот со кој се укинуваат абортусите стапи на сила. Ова се наведува во соопштението на компанијата објавено во списанието Variety.
“Во Џорџија има многу жени кои работат за нас, чии права, како и многу милиони жени, ќе бидат повредени со овој закон”, рече Тед Сарандос, креативен директор на Netflix. Тој истакна дека до донесувањето на законот, компанијата ќе продолжи да работи во државата.
“Штом овој закон ќе стапи на сила, ние ќе ги разгледаме нашите инвестиции таму”, рече Сарандос.
Претходно, законот за абортус, освен во случај на инцест и силување, беше потпишан од Брајан Кемпе, гувернер на Џорџија.
Лајонсгејт и Амазон, кои го сменија местото на нивните продукции, донесоа слична одлука за ставање крај на нивната работа.
Џорџија е многу популарна филмска дестинација. Таму се снимани “Црниот Пантер” и серијата “Walking Dead“.