Британските медиуми денес пишуваат дека Ариана Гранде наскоро ќе објави филм снимен за време на турнејата „Sweetener“, а работниот наслов е „Sweetener Tour film“.
Според весникот „The Sun“, стриминг гигантите во моментов се борат да ги откупат правата на овој концерт, а „Нетфликс“ и „Јутјуб“ нудат најмногу пари.
„Тимот на Ариана моментно преговара со разни стриминг услуги, а „Нетфликс“ и „ЈуТјуб“ изразија интерес“, рече извор во весникот.
„Нетфликс“ направи понуда од 5 милиони долари, со цел да ги добие правата за прикажување. Преговорите ги води тим од најблиските соработници на Ариана, предводени од менаџерот Скутер Браун. Филмот на брутално искрен и суров начин, покажува колку може да биде тежок животот за време на турнејата, но ќе има и убави моменти“, додава изворот.