Нето: Мислам дека сум најдобриот голман

од Vlatko K
165 прегледи

Новиот голман на Барселона, Нето изрази силни емоции за време на денешното претставување на
„Камп Ноу“.


Бразилскиот голман е решен да се бори со стартерот кај Каталонците, Марк-Андре Тер Штеген.
„Јас сум најсреќната личност во светот. Го почитувам Тер Штеген, но дојдов тука да се борам за
своето место“, рече тој.’

Запрашан дали Германецот е најдобар голман во светот, Нето одговори на интересен начин: „Сите
очекуваме да бидеме најдобри во она што го правиме. Мислам дека јас сум најдобриот голман.
Оној кој не признава дека мисли дека е најдобриот, не ја кажува вистината. Сите ние многу
веруваме во себе“.