276
Трпението на Соединетите држави во врска со враќањето на Иран на преговарачката маса во врска со нуклеарниот договор од 2015 година „не е неограничено“, изјави синоќа портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
„Нашето трпение има граница, но веруваме дека претседателот беше јасен по ова прашање, а тоа е дека преку дипломатија е најефективниот начин да се осигура дека Иран никогаш нема да може да направи нуклеарно оружје“, рече Прајс, пренесе „Ројтерс“.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна изјави дека санкциите против Иран ќе бидат укинати кога Техеран ќе го направи првиот чекор и се врати на почитување на своите обврски од меѓународниот договор.