Неверојатно, но вистинито: Научниците докажаа дека има живот после смртта

од Vladimir Zorba
101 прегледи

1468916676-shutterstock-351878162

Досега се сметаше дека мозокот ја запира активноста по 30 секунди, откако срцето не пумпа крв.

Во големата студија спроведена меѓу повеќе од 2.000 лица, британските научници потврдија дека нашиот мозок продолжува да работи, дури и откако срцето ќе запре.

Специјалистите сметаат дека откриле најмногу убедливи докази во поддршка на тезата за ова искуство, кога човек ќе биде прогласен за мртов.
Досега се сметаше дека мозокот ја запира активноста по 30 секунди, откако срцето не пумпа крв. Истражувањето на Универзитетот во Саутемптон покажува дека луѓето се уште “мислат” до три минути, откако се прогласени за мртви.

Водечкиот истражувач д-р Сем Парнија вели: “Спротивно на очекувањата, смртта не е специфичен момент, а потенцијално реверзибилен процес кој се случува по тешка болест или несреќа, која води до тоа срцето, белите дробови и мозокот да престанат да функционираат.

Ако се прават обиди да се направи спротивен процес, тоа се дефинира како “срцев застој”, а ако овие обиди не успеат, се нарекува “смрт”. Од 2.060 пациенти од Австрија, САД и Велика Британија, интервјуирани во текот на студијата, кои преживеале по срцев застој, речиси 40 отсто велат дека паметат некоја форма на свест, откако се регистрирани како клиничка смрт.

Д-р Парнија продолжува: “Ова укажува дека повеќето луѓе регистрираат ментална активност првично, но губат спомени по закрепнување – или поради оштетување на мозокот, или како резултат на лековите”.

Од оние кои велат дека паметат “смрт”, само 2% велат дека се чувствувале како го набљудуваат своето тело од страна. Речиси половина од анкетираните изјавуваат дека тоа не бил период на свест, туку на страв.

Најзначајното откритие, направено за време на истражувањето, е 57-годишен маж, кој е во состојба да се сети со морничава точност што се случува околу него, откако тој е прогласен привремено за “мртов”.

Според парнија тоа е од значење, бидејќи често е прифатено дека искуствата во времето помеѓу животот и смртта се веројатно халуцинации или илузии настанати пред срцето да престане или откако тоа продолжува со активност, како резултат на напорите на лекарите, но и не одговара на “вистинско” искуство, кога срцето не удира.

“Во овој случај се смета дека е регистрирана мозочна активност во три минутни во период во кој отсуствува срцева активност”, вели лекарот за британскиот весник Еxpress. “Тоа е парадоксално, бидејќи мозокот обично престанува да функционира во рамките на 20-30 секунди по запирањето на срцето и неговата работа не се обновува, додека не започне одново срцевата активност. Нешто повеќе, деталните спомени на визуелната свест во овој случај се во согласност со проверени настани, “завршува лекарот.