НЕВИДЕНА СЦЕНА НА ИНДИЈАН ВЕЛС: Русинка го напушти теренот среде меч (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Аманда Анисимова, американска тенисерка по потекло од Русија, го напушти теренот пред судијата официјално да го објави нејзиното предавање.

Тенисерката од Русија беше на чекор до триумф во мечот против Канаѓанката Лејла Фернандез. Аманда сервираше за победа, но ривалката успеа да направи брејк и подоцна стигна до израмнување и тај-брејк.

Фернандез ги освојува сите седум поени во тај-брејкот, а очајната Анисимова решава да го напушти теренот. Таа му кажа на судијата дека се чувствува лошо и дека мора да си замине.

Таа не го дочека последниот збор на судијата, туку ја зеде торбата и отиде во соблекувалната.

Судијата, ривалката и навивачите останаа во шок поради нејзиниот необичен потег.

Погледнете како тоа изгледаше:

Слични содржини