Огромни делови од американскиот Среден запад се под вода откако моќен зимски “циклон-бомба” ја погоди земјата, соопштува Ројтерс.
Топењето на снегот направи неколку реки да излезат од нивните корита, паднаа куќи и поплавија неколку главни патишта. Лошото време во САД зеде и две жртви. Загинатите се од Небраска – една од жртвите беше пронајдена мртва во својот дом, откако не успеала да се евакуира навреме, а втор човек беше однесен од надојдените води, откако се обидел да извади автомобил со трактор.
Волонтери се обидуваат со помош на вреќи со песок да изградат преграда против новите води.
Причината за лошото време без преседан е циклонот наречен “bombombiesis” – кој прави брзи паѓање на ниски атмосферски притисоци.