Легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил смета дека неговиот поранешен клуб нема шанси да
ја освои титулата во Премиер лигата во наредните две сезони. Причината за тоа дека на „Олд
Трафорд“ треба да се направат многу промени, кои се уште не се направени, а за тоа е потребно
време.

„Треба да се направат многу промени. Треба да се заменат некои играчи што уште не е направено.
Невозможно е Јунајтед да стане шампион во следните две години“, изјави поранешниот
дефанзивец на „црвените ѓаволи“, кој запиша 400 натпревари за речиси 20 години во Манчестер
Јунајтед.
Последен пат кога Јунајтед ја освои титулата во Премиер Лигата, беше во сезоната 2012/13. Ова
беше последната кампања во која тимот беше предводен од легендарниот Сер Алекс Фергусон.