Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил сподели еден интересен момент за време на престојот на „Олд Трафорд“ и зошто не сакал да дели соба со Дејвид Бекам.
„Имав два главни проблеми со Бекс – добро, и тој ги имаше со мене. Двајцата легнувавме во различни периоди, што значеше дека не можеме да спиеме многу добро. Легнував во 21 часот и се будев во 5 часот, а тој остануваше до 23 часот и се будеше доцна. Вториот проблем е што тој е најчистиот човек на светот. Ќе влезе во собата, палеше свеќи, редеше фотографии, сè мораше да биде уредно и совршено. Тој беше таков од 18-та година“, изјави Невил за „Sky Sports“.
„Јас бев другата спротивност – многу неуреден. Јас секогаш фрлав сè што можев. Имавме премногу такви разлики и немаше начин да се договориме“, рече поранешниот фудбалер.