Невработените да се ослободат од плаќање на сметките за струја и вода, бараат од КСС

од Берта Китинска

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара сите невработени лица да се ослободат од плаќање на режиските трошоци за струја и вода.

Во денешното соопштение, КСС оценува дека покачувањето на сметките за струја и зголемувањето на акцизата за нафтените деривати директно се на товар на граѓаните.

– Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од државата да се откаже од наплата за користење на ресурсите на струја и вода кои ги поседува државата и да нема побарување за истите од невработените лица со што ќе покаже доблест и дека навистина се грижи за своите граѓани. Воедно сакаме да известиме дека извршителите веќе се во постапка за наплата на оние кои не ги платиле своите режиски трошоци не поради своја волја, туку поради кризата која се наталожи врз грбот на граѓаните изминатиот период, а допрва следи и покачување на истите, се вели во соопштението.

Слични содржини