🎥Невреме со силен ветер и дожд го зафатија Скопје

од Nikola Popovski
2,2K прегледи

Краткотрајно силно невреме попладнево зафати делови од Скопје, проследено со силен ветер, електрични празнења и град на некои места. Според информации, во некои делови од градот има поплавени улици.

Во моментов, се уште е облачно и затемнето низ целиот град, а дождот продолжува да паѓа.

Од УХМР информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

Претходно пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено појава на град го зафати доцна попладнево тетовскиот регион. Поплавени се подрумски простории на повеќе куќи и објекти.

Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.

-На 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН, соопштуваат од ЦУК.

Слични содржини