737
Одрони, надојдени реки и блокирани патишта донесе новото невреме во Грција во западниот и северниот дел на земјата, а проблемите се поинтензивни во планинските области, јави дописничката на МИА од Атина.
Поради опасност од лизгање на земјиштето, жителите на мало планинско село во западна Грција беа превентивно евакуирани, додека пак на северот од земјата, односно во Лерин се урна дел од патот.
Новото невреме кое од западна Европа ја зафати Грција донесе обилни врнежи од дожд и силен ветер, а прогнозите се дека во Егејското море брановите ќе надминат четири метри.
Поради силниот ветер, проблеми има и во бродскиот сообраќај, со забрана за пловидба на одредени грчки пристаништа, меѓу кои и две атински.