Невреме во Скопје, паднати дрвја, уништени автомобили (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Силен ветер и дожд попладнево ја зафати територијата на Скопје, при што настанаа и проблеми на одредени делови од градот.

Паднати се повеќе суви дрвја, а има оштетени и автомобили. За ова се огласија и од ЈКП Гази Баба, кои посочија дека веднаш е реагирано и сегде каде што има проблем, истиот да се пријави.

-Во текот на денешниот ден а како последици од невремето со дожд и ветар на територија на Општина Гази Баба, добивме повик дека во населба Автокоманда има паднато неколку суви дрвја по кои што ЈКП “Гази Баба 2007” веднаш реагираше и истите навремено ги одстрани.

Ве замолуваме, поради ситуацијата во која се наоѓаме, сите пријави за суви дрвја кои се на јавна површина и претставуваат опaсност, да ги пријавите на нашата е-пошта [email protected], inbox на Fan Page или на телефонскиот број 02 322 4801.

Слични содржини