Силно невреме попладнево погоди делови од скопскиот регион. Летната бура беше проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, поради кој има и паднати дрва низ неколку локации во Скопје.
Регистрани се проблеми во општина Аеродром, каде се откачи лимен кров од една зграда во населбата Острово, како и неколку паднати дрвја, а забележани се откорнати дрвја и во населбата Автокоманда.
Синоптичарите најавија дека попладне ќе има нестабилност со услови за дожд и невреме. Деновиве имавме високи температури во државата.
Синоптичарите најавуваат нестабилно време и за утре, а преодно стабилизирање се очекува во петок, додека за време на викендот во попладневните часови повторно ќе има изолирана појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
За од недела е најавен засилен северен ветер и пад на температурите.